Преку изложбениот концепт КАЛЕИДОСКОП III, Музеј на град Скопје, продолжува да застапува еден од основните приоритети на CreArt –презентација на локални креативни таленти и уметници, со нивните дела зад кои стојат различни културни багажи и гледишта. Третото по ред реализирање на КАЛЕИДОСКОП III 2020год. се состои од самостојната изложба на Филип Ивановски Пепе насловена ГОБЛЕНИ и видеозаписот од аудио-видео проектот на Wax Revival насловено WAX PRESERVATION SOCIATY.

Wax Revival (Скопје 2019) формирано од Настасја Здравковска и Никола Димитријевиќ кои се дел од културната платформа Скопски Грув. Проектот WAX PRESERVATION SOCIATY е проект во процес, во кој учествуваат диџеи, колекционери на грамофонски плочи и музички продуценти со кои реализираат едно часовно видео на нивна изведба во склоп на уникатни визуелни инсталации и просторно обликување на различни локации.

 

Во дворот на облектот Сули Ан, преку видео инсталација во која се линкувани две едночасовни сесии на гостите Игор Спировски и Самуил Радински кои се учесници во авторски проект на Wax Revival. Делото е видео запис од аудиовизуелната инсталацијата која ја обликуваа разновидни жанрови презентирани преку сесии на винилни записи во кои доминираат џез брејкови, тропикал грув, буги и вуду тонови (Спировски и Димитријевиќ) и техно мелодични ритми со амбиентални длабоки ноти (Радински и Здравковска). Визуелното обликување го превзема објектот Сули Ан, со поставени елементи во простор и светло. Преку делото авторите рефериираат на една изолирана, амбиентална сцена, каде што перформерите изведуваат сами за себе. Не поставуваат со поглед од птичја перспектива кон ориенталното опкружување, чаршијата и градот.

Wax Preservation Society претставува експресија кон љубовта за медиумот.

 

Можноста која Град Скопје, како ко-партнер во проектот CreArt (Network of Cities for Artistic Creation) кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Комисија, ја создаде преку презентацијата на делата на младите креативци од Македонија. Уште еднаш со КАЛЕИДОСКОП III 2020год., се докажа дека креативноста е став и вештина присутна кај луѓето, која може и мора задолжително да биде постојано стимулирана, збогатувана и надградувана.

 

 

 

Comments

comments